Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски брифираше дека е направен појас со машини и багери, со што дополнително ќе биде зајакната сигурноста на жителите на Тработивиште со цел огнот, кој попладнево се распламти, да не навлезе во селото.
-Со тоа се надеваме дека нема да влезе огнот во селото за да направи поголеми последици овде и по луѓето и по нивните куќи и имоти. Освен
50-ина луѓе од Армијата, кои се стационирани во училиштето, имаме две цистерни од Територијалната противпожарна единица од Делчево кои ќе дежураат овде. Имаме и помош од гранична полиција каде што има танкови со вода за да може да се врши дополнување со вода, иако овде има хидрант за дотур на цистерните за населението во селото Тработивиште да се чувствува сигурно во текот на ноќта, рече Трајковски.
Нагласи дека е побарано и за утринските часови веќе има одобрено хеликоптерска поддршка, со цел да биде изгаснат огнот над селото.