Демократите го повикаа Бајден да го затвори затворот во Гвантанамо

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Демократските пратеници го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да го затвори воениот затвор во Гвантанамо и да ги ослободи или да им суди на преостанатите затвореници осомничени за соработка со Ал Каеда.

Како што се наближува 20 -годишнината од нападите на 11 септември, 75 членови на Претставничкиот дом во отворено писмо до претседателот побараа затворање на спорниот затвор, наведувајќи ги превисоките трошоци за негово одржување.

„Имаше околу 800 затвореници во Гвантанамо, а сега има само 39, главно постари и повеќето се изнемоштени. Според извештаите на медиумите, затворот чини повеќе од 500 милиони долари годишно, или неверојатни 13 милиони долари по затвореник. Фактот дека по 20 години се уште не е затворен, го нарушува нашиот углед во странство и ја ослабува нашата способност да ги заштитиме човековите права и владеењето на правото“, истакнаа демократите.

Затворот во Гвантанамо беше отворен во почетокот на 2002 година за членовите на Ал Каеда одговорни за нападите на 11 септември и нивните помошници.

„Знаеме дека е потребно време за затворање на затворот, но мислиме дека е дојдено време да донесете одлука“, додаваат Демократите. Тие предлагаат на некои затвореници да им се суди во федералните судови, други да се вратат во својата татковина, а други да се испратат во трети земји со обрвски да се однесуваат добро и да не претставуваат закана за Соединетите држави.

Слични содржини