Повлечени неколку сладоледи од македонскиот пазар поради зголемено присуство на пестицид

од Nikola Popovski
416 прегледи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) добиленотификација за увезени небезбедни кондиторски производи кои во својот состав содржат адитив со наод на пестицидот етилен оксид. Поради тоа повлечени се неколку сладоледи од македонскиот пазар.

-Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:

1. Сладолед  KIT KAT стапче 20х90 мл

Сериски број/лот- PL1048

Рок на употреба: до 28.02.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Франција

2.Сладолед  Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл

Сериски број/лот:MI1118,MI1119

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

3. Сладолед  Милка Чоколадно Стапче со лешник  20х100 мл

Сериски број/лот:MI1117

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

Увозник во РСМ:АЛМА М, информират од АХВ.

Според нив, горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот.

-Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат, велат од АХВ.

Ова следува откако сладоледите „сникерс” и „твикс“, како и овошниот јогурт со рибизла на „Дукат” веќе не може да се купат во Црна Гора, БиХ и Србија. Повлечени се од маркетите по сомнежот дека во нив има остатоци од пестицидот.

Слични содржини