Градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов во текот на денов информираше за огнената стихија во тој регион од земјата.
-Во текот на ноќта, ветерот донесе еден позитивен правец, каде пто буквално го врати пламенот назад кон изгорениот дел и се стабилизираше. Меѓутоа, утрово повторно неповолен ветер и самиот пожар се движи силно кон селото Доброшани. Нашите противпожарни единици се таму и бараме поддршка од ЦУК за воздушно гасење, бидејќи во тој дел имаме непристапен дел, каде што гори борова шума. Немаме информации за запалени куќи, бидејќи не е спуштен до селата. Фала богу, немаме ни жртви и се надеваме дека ќе застанеме на ова. За жал, имаме се уште неколку активни пожари во под делот под Богословец и кон Доброшани, изјави Николов за Канал 5 ТВ.