Фудбалерите на српскиот фудбалски клуб Јавор денеска стартуваат во Првата лига на Србија против Лозница, а неколку часа пред натпреварот беше нарушен мирот во тимот. „Виновникот“ е Лионел Меси.
Аргентинецот официјално се раздели со Барселона и е слободен агент. Твитер профилот на Јавор е преплавен со информации дека Лионел Меси е на чекор до потпишување за клубот од Ивањица.
Поради тоа, администраторот мораше да се огласи на Твитер станицата Јавор. Тој ги демантираше гласините дека тимот од Ивањица го сакаат Лионел Меси во своите редови.
– Во оваа прилика уште еднаш демантираме било какви преговори со Лионел Меси и бараме од јавноста и љубителите на фудбалот да не ја нарушуваат подготовката на тимот за натпреварот против Лозница со шпекулации од ваков вид – се наведува на Твитер профилот на тимот.