МВР информира дека 18-годишна девојка загина, а две лице се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во близина на наплатната станица „Романовце“.
Како што велат од полицијата, до несреќата дошло вчеравечер околу 21:55 часот, кога еден километар пред наплатната рампа на патарината во Романовце патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово се судрило со товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од селото Старо Нагоричане, кумановско.
-На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото ауди, додека С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, соопшти МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.