Демократскиот сенатор на американската држава Аризона, Тони Наварет (35) е уапсен под обвинение за несоодветен сексуален однос со малолетник, соопшти денеска полицијата. Наварет служи втор мандат во Конгресот, откако имаше еден мандат во Претставничкиот дом.
Полицијата добила пријава во средата за несоодветен сексуален однос што наводно се случил во 2019 година, објави АП.
Наварет, кој го претставува западниот округ на градот Феникс во Сенатот, беше уапсен во четвртокот откако детективите разговарале со малолетната жртва и очевидци, додаде полицијата.
Наварет беше приведен под обвинение дека во неколку наврати имал несоодветен сексуален однос со малолетник.
Судските досиеја за случајот во Наваро не беа веднаш достапни и не беше јасно дали има адвокат кој може да ја коментира ситуацијата во негово име.
Портпаролот на локалната полиција одби да даде дополнителни информации за случајот, велејќи дека полицијата не сака да привлече внимание на случајот „поради заштита на жртвата“.
Наварет претходно оваа недела рече дека се тестирал позитивно за ковид и очекувал да добие поблаги симптоми додека бил во самоизолација дома.
Демократските сенатори во соопштението велат дека се свесни дека „еден од нивните членови е уапсен и чекаат детали, како и полицијата да си ја заврши работата“.
„Во овој момент, повеќе нема да се огласуваме за овој случај“, рекоа тие.