„Не влегувам по тебе“: Полицајци во Аризона оставиле човек да се удави, не сакале да помогнат

од Stefanija Kuzmanovska

Tројца полицајци од Аризона добија отказ откако се појавија снимки на кои се гледа дека не сакаат да му помогнат на бездомник кој се дави во езеро.

Триесет и четиригодишниот Шон Бајкингс влегувал во езерото Темпи Таун, предупредувајќи ја полицијата дека ќе се удави.

Сето ова го снимила камера која ја носел полицаец на својата униформа.

Еден од полицајците му одговорил на Шон: „Не влегувам по тебе“.

Инцидентот се случил по 05:00 часот по локално време на 28 мај, кога полициски службеници одговориле на повикот за наводна тепачка меѓу маж и неговата партнерка во центарот на градот.

Додека полицијата ги проверувала во евиденцијата, мажот се прекачил преку металната ограда и влегол во водата.

Се удавил

Бидејќи остатокот од снимката е вознемирувачка, полицијата не сакаше да ја објави во јавноста, но објави транскрипт од тоа што се случило потоа.

Во него се наведува дека полицајците се обиделе да ја смират партнерката на удавениот која им рекла: „Тој се дави пред вас, а вие нема да помогнете“.

Бајкингс се удавил чекајчи чамец за спасување, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини