Ѓулер: Ми рекоа дека ќе бидам наследник на Модриќ

од Симе Стоиков

Реал во последните години почна да работи на сериозно подмладување, а еден од играчите од кој се очекува да биде столбот на иднината е Арда Ѓулер.

Момчето кое штотуку наполни 19 години оваа година, летово дојде во Реал од Фенербахче за 20 милиони евра. A следните зборови покажуваат дека се очекува да биде многу важно во иднина.

– Во текот на летните преговори ми беше кажано дека ќе бидам наследник на Лука Модриќ. Ми понудија долгорочен проект и во тоа се уверив – изјави Ѓулер.

Офанзивниот играч за врска оваа сезона одигра осум натпревари во сите натпреварувања, но само 166 минути и постигна два гола.

Слични содржини