ДУИ: Без пратениците од Европскиот фронт не може да се формира ниту една влада

од Nikola Popovski

Бидете сигурни дека ниту една владеачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт затоа што тие се вистинските претставници на албанскиот, турскиот, ромскиот и бошњачкиот народ во оваа платформа. Бидете сигурни дека политичките авантури неславно ќе завршат, а народот ќе победи, порачаа утрово од ДУИ на прес-конференција.

Според партијата, треба да остане коалицирањето „победник со победник“ од двата блока.

-Тоа е начелото на социјалната демократија. Целиот политички капитал создаден со години, некој сака да го негира? Тоа не може да го стори ниту Мицкоски, ниту било кој друг. Од друга страна, не сакаме ниту ние да го направиме на другата страна. Фактичката состојба секогаш ја детерминирала правната состојба. Никогаш не било поинаку  – одредени моменти било, но завршило неславно и лошо, рекоа од партијата.

Слични содржини