Иранците на генијален начин одговорија на уште една луда теорија на Трамп: „Зошто би ја повредиле Италија?“

Откако американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше ставот на италијанската премиерка Џорџа Мелони во врска со позицијата на Италија за војната во Иран и други прашања, иранските дипломати застанаа во нејзина одбрана

од Кристијан Димков
33 прегледи Фото: Printscreen/Youtube/Sky News

Имено, Трамп во разговор за италијанскиот „Кориере дела Сера“ изјави дека за Мелони мислел дека е храбра, но дека погрешил.

„Шокиран сум од нејзините ставови. Не ѝ е грижа дали Иран има нуклеарно оружје. Би им дозволила да ја разнесат Италија на парчиња за две минути кога би можеле. Мелони не сака да ни помогне со НАТО. Не сака да ни помогне да се ослободиме од нуклеарното оружје“, изјави Трамп.

На овие теории на Трамп пристигна одговор и од Амбасадата на Иран во Тајланд.

„Зошто би ја ‘повредиле’ Италија? Ги сакаме Италијанците, фудбалот и храната, а ги сакаме и Рим, Римини, Пиза, Милано, Венеција, Сардинија, Фиренца, Неапол, Џенова, Торино, Сицилија и сè меѓу нив“, наведоа од амбасадата.

На нивната објава следуваа бројни коментари, а еден Италијанец наведе дека би сакал да го посети Иран како турист кога еден ден ќе заврши војната.

„Поканети сте“, порачаа од амбасадата.

Секако, многумина ја искористија приликата и за шеги на сметка на Италијанците, па еден корисник наведе дека Италија повеќе не е позната по фудбалот, алудирајќи на поразот во финалето од баражот за Светското првенство од Босна и Херцеговина.

„Носталгични сме“, кратко одговорија од Амбасадата на Иран.