🎥Walk Away – најновиот сингл на Yon Idy

од Vladimir Zorba

Yon Idy, младиот кантавтор кој сите го препознаваат по караткеристичниот вокал, го објави својот најнов сингл, Walk Away.

„Walk Away e песна за забавните фази од запознавањето некоја нова личност, уживањето во времето поминато со неа, иако знаеме дека нема да трае. Пеам за онаа фаза на доброболна ранливост и наивност додека си дзоволуваме да ги почуствуваме емоциите. Понекогаш сме толку свесни за некои ситуации што ни се чини дека ги следиме од страна, но ја играме улогата и остануваме автентични. Walk Away го отсликува чувството кога сме присутни во моментот и уживаме во возбудата”, вели Yon.

Yon Idy e наш млад, перспективен музичар кој има карактеристичен вокал, а неговата музика е впечатлива. Многумина велат дека потсеќа на странски музичар, а бидејќи пее на англиски јазик, неговите песни многу лесно си го наоѓаат своето заслужено место на странските радија, особено во Европа. Yon периодов работи на својот прв албум со поразличен звук од оној на кој сме навикнати до сега.

Синглот „Walk Away” e достапен на сите музички платформи.

Слични содржини