Yahoo Finance: Си Џинпинг е најмоќниот светски лидер

од Vladimir Zorba

Си Џинпинг, претседателот на Народна Република Кина, е најмоќниот светски лидер, според истражувањето на Yahoo Finance.

Како што покажува ова истражување, вториот најмоќен светски лидер е Џо Бајден, претседателот на САД.

Следуваат Владимир Путин, претседателот на Русија, потоа Мухамед бин Салман Ал Ауд, престолонаследникот на Саудиска Арабија, а потоа Нарендра Моди, премиерот на Индија.

Шести на листата е францускиот претседател Емануел Макрон, па следат Али Хосеини-Камеини, врховен лидер на Иран и Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун е на деветтото место, додека шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, ја затвора листата на 10-те најмоќни светски лидери.

Во првите 20 се Фумио Кишида, премиер на Јапонија, Риши Сунак, премиер на Велика Британија, Абдел Фатах Ел-Сиси, лидер на Египет, Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, Луиз Игнасио Лула да Силва, претседател на Бразил, Јун Сук Џеол, претседател на Јужна Кореја, Џастин Трудо, премиер на Канада, Башар ал Асад, претседател на Сирија и Ентони Албанезе, премиер на Австралија.

„Лидерите се избираат според тројни критериуми за да се измери моќта на секој лидер. Критериумите се засноваат на воената сила на земјата и улогата на лидерот во нејзиното одржување и подобрување, економската политика што лидерот ја спроведува и глобалното влијание на лидерот на геополитичката арена“, споделија од „Yahoo Finance“.

Слични содржини