Надал: Да видиме дали сум способен да одиграм два тешки меча за два дена

од Vladimir Zorba

Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид, постигнувајќи ја третата последователна победа, прва од летото 2022 година.

„Го издржав предизвикот. Веднаш по натпреварот не чувствувам болка, но не знам како ќе се разбудам. Мора да почекаме“, изјави шпанската легенда.

„Ќе видиме дали ќе можам да играм напорни натпревари во последователни денови. Се надевам дека е така. Но, ова е ново за мене. Долго време не сум имал такви оптоварувања за време на еден натпревар“, призна Надал.

„Генерално уживам да играм овде. Времето кога сум овде на теренот има многу вредност за мене, и на тениски и на емотивен план“, призна Рафа Надал.

Неговиот меч со Чехот Јиржи Лехечка е најнов во вечерната сесија денеска, а ветеранот ќе има максимално време да се опорави за него.

Слични содржини