Ајакс го сака Тен Хаг назад, но Холанѓанецот сака да остане на „Олд Трафорд“

од Vladimir Zorba

Раководството на Ајакс веќе го посочи менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг како фаворит за нов тренер на холандскиот гигант. Пред неколку дена се шпекулираше дека на „Јохан Кројф Арената“ ја разгледуваат опцијата да го врати стручњакот доколку добие отказ од Манчестер Јунајтед, што се чини се поверојатно со оглед на лошите игри и лошите резултати на „црвените ѓаволи“.

Според медиумите во Холандија, Тен Хаг веќе е високо на листата на управата на Ајакс. Сепак, „Дејли мејл“ тврди дека менаџерот на Јунајтед и неговиот тим најверојатно нема да сакаат да се вратат во својот поранешен клуб, бидејќи Ајакс моментално е во преоден рок и дека Тен Хаг исто така ќе бара ангажман во едно од топ првенствата во Европа.

Тен Хаг забележа многу успешен период во Ајакс, каде меѓу 2017 и 2022 година освои три титули во лигата, два домашни купа и го одведе тимот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Холанѓанецот, се разбира, се уште се надева дека ќе остане на „Олд Трафорд“, особено затоа што има шанса да го води тимот до втор трофеј за две години откако Манчестер Јунајтед стигна до финалето на ФА Купот, каде што ќе се бори за трофејот со Манчестер Сити.

Слични содржини