Дачиќ за сударот на возовите во Белград: Евакуирани се 9 лица, итната помош не може да се приближи до местото

од Илинка Илиоска
624 прегледи

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека девет лица се евакуирани во судир на патнички и товарен воз.

„Веднаш по добиена пријава дека во тунелот меѓу споменикот на Вук Караџиќ и мостот Панчевац дошло до судир на патнички и товарен воз, на лице место пристигнале силни полициски сили, како и 25 пожарникари-спасувачи со 7 возила бидејќи дека екипите на итната помош не можеле да се приближат до местото на судирот“, изјави Дачиќ.

Министерот рече дека пожарникарите-спасувачи успеале да дојдат до луѓето и евакуирале 9 повредени лица и им ги предале на екипите на Брзата помош за понатамошно лекување.

Припадниците на МВР се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Во судирот повредени се вкупно осум лица. Кондуктерката и машиновозачот, кому му била скршена раката се тешко повредени, а шест патници се здобиле со полесни повреди и почнале да го напуштаат тунелот каде дошло до судирот.

 

Слични содржини