Косово го продолжува пописот: Уште една недела за бројење на населението и нова шанса за дијаспората

од Илинка Илиоска
534 прегледи

Косовската Влада објави дека времетраењето на пописот ќе биде продолжено за седум дена, до 24-ти мај.  Ова се случува по барање на повеќе локални самоуправи каде што пописот не беше завршен навреме.

Пописот, кој започна на 5-ти април и требаше да заврши на денес (17 мај),  ќе продолжи да се спроведува од страна на вработените во Агенцијата за статистика на Косово.

Сите интервјуа и попишувања ќе продолжат на територијата на Косово за лица и семејства кои претходно не биле попишани. Исто така, пописот на косовската дијаспора преку порталот „еДијаспора“ е продолжен до крајот на август. Оваа одлука беше донесена на електронска седница на владиниот кабинет.

Слични содржини