Само 24 часа откако официјално се збогуваше со Барселона, Леонел Меси има нов клуб! Очигледно, следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ! Француски „Екип“, но и угледниот новинар Фабрицио Романо вечерва објавија дека Аргентинецот е на неколку часа од потпишување на историски договор!
Имено, претседателот на клубот од Париз, Насер ел Келаифи, на Меси му понудил неверојатни 120 милиони евра за тригодишен договор, што значи дека ќе заработува рекордни 40 милиони годишно! Според изворите, раководството на ПСЖ и тимот на Меси предводен од неговиот татко Хорхе треба наскоро да ги финализираат преговорите.
И дилемата за тоа каков број ќе носи Меси во Париз е отстранета. Имено, едно од клучните прашања беше дали Нејмар великодушно ќе му ја даде својата десетка или Лео ќе земе друг број. Очигледно, ова второто ќе се случи, а Меси ќе го носи бројот 19 во Градот на светлината!