Сопственикот на ПСЖ тврди: Меси е наш!

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Постигнат е договор помеѓу Пари Сен Жермен и Лионел Меси! Аргентинскиот напаѓач ќе биде новиот играч на „светците“, тврди сопственикот на парискиот клуб Тамим бин Хамад ал Тани.

Ал Тани на својот Твитер профил објави дека преговорите се завршени и дека се ќе биде официјализирано наскоро.

Меси (34) во четвртокот официјално ја напушти Барселона, каде што порасна и ја помина целата своја кариера досега. Само еден ден подоцна, тој се согласил да се пресели во Париз, според тврдењето на Ал Тани.

Таму повторно ќе соработува со Нејмар, поранешен соиграч од Бариелона, но и Мбапе. Нема сомнение дека Светците со тројцата ќе го имаат најсмртоносниот напад на светот.

Шесткратниот освојувач на Златната топка зад себе има 778 натпревари, 672 гола и 305 асистенции во Барселона, каде што освои се што можеше да се освои. Меѓу другото, десет Ла Лига, седум Купови на Шпанија, четири Лиги на шампиони…

Дали конечно може да им го донесе трофејот на парижаните?

Слични содржини