301
Клучен состанок помеѓу ПСЖ и Лионел Меси ќе се одржи утре, објави ПСЖ.
Најдобриот светски фудбалер, кој беше принуден да ја напушти Барселона поради финансискиот фер -плеј, се согласи да премине во Париз, а тоа синоќа го соопшти братот на сопственикот на францускиот клуб. Останува само да се договорат за деталите во договорот.
„Л’Екип“ открива дека Аргентинецот ќе потпише договор за две сезони со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Ќе заработува 40 милиони евра годишно и со тоа ќе стане најплатениот фудбалер во тимот, подобро платен од неговиот пријател Нејмар кој неодамна прифати намалување на платата.
Во Барселона, Меси требаше да заработува 35 милиони евра по сезона.