142
На 06.08.2021 околу 21.45 часот на улица „Илинденска”, во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(38) од Република Албанија, Ш.И.(28) од с.Арачиново, скопско и Б.Т.(32) од Скопје.
При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале трите лица, а што го управувал А.Р., во багажникот на возилото била пронајдена поголема количина марихуана.
Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар.