Алармантните фотографии од пожарите што беснеат во Грција во последните денови ги потресоа луѓето ширум светот. Пожарникарите се борат со огнот со денови, а меѓу нив се истакна една жена – Катарина Јоанида, чија храброст зачуди многумина.
Фотографии од храбра жена чие лице го покажува целиот хорор низ кој минуваат пожарникарите се појавија во речиси сите медиуми во Грција. Катарина беше снимена во петокот додека таа и нејзините колеги се бореа со пожарот во Афиднес.
Со црево во рацете и лице црно од чад, со денови вложува многу напор за да го спаси она што може да се спаси.