Мицкоски растовараше камион со вода во опожареното Будинарци

од Берта Китинска
207 прегледи

Со народот заедно, до последно згаснатиот пламен. Во с.Будинарци, Берово, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој  денеска пристигна во Берово, каде што направи обиколка, а потоа растовараше и камион полн со вода, донација од партијата.

-Би сакал да се заблагодарам на луѓето, тука сме ние колку можеме ќе помагаме, но мора да имаме во предвид дека овие луѓе се вистинските херои коишто вложија вон човечки напор да целата работа ја стават под контрола и да не дозволат населените места овде во Берово бидат изгорени, напиша Мицкоски.