Груби: Охридскиот Договор направи културниот диверзитет да биде извор на социјалната кохезија

од Берта Китинска
249 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес присуствуваше на Панел -дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор”.

-Охридскиот Договор направи културниот диверзитет во нашата земја да биде извор на социјалната кохезија и на отварањето на нови хоризонти за промоција на културните вредности на секоја заедница. Направи да се запознаваме и почитуваме повеќе меѓу себе, сите да имаат еднаква можност и третман на неговиот уметнички и културен талент и потенцијал.Кога зборувавме денес за културата на панел дискусијата со тема: “Културата 20 години по Охридскиот Договор” во Даут Пашиниот Хамам во Старата Скопска Чаршија, констатиравме дека евидентни се достигнувањата, како основањето на институциите од областа на културата, воспоставувањето на соработката помеѓу нив и организацијата на бројни културни настани кои ги рефлектираат вредностите на еднаквоста и соживотот, кажа Груби.

Слични содржини