Шпанската полиција апси членови на „шкаљарски“ клан: Кај четворица мажи пронајдени 400 кг кокаин

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Шпанската полиција денеска објави дека уапсила неколку членови на „шкаљарски“ кланпод сомнение за шверц на наркотици.

За време на апсењето, кај осомничените се пронајдени 400 килограми кокаин, како и половина милион евра во готово, за кои постои сомневање дека се стекнати преку трговија со дрога.

– Четворица мажи, осомничени дека се поврзани со опасен криминален клан од Црна Гора, се уапсени. Оваа криминална мрежа воспостави канал за транспорт на кокаин од Јужна Америка до Канарските Острови. Членовите на кланот изнајмиле вили во луксузни населби на Канарските Острови, од каде што им делеле дрога на локалните банди – според шпанската полиција, пренесува „Ел Диа“.

Според шпанските медиуми, еден од уапсените е дел од бандата „Пинк Пантер“, за кого пишуваат дека е државјанин на Црна Гора и дека се наоѓа во самиот врв на таа организација.

Слични содржини