Шекеринска се поклони на прилепскиот споменик за загинатите кај месноста Карпалак: Никогаш нема да ја заборавиме нивната жртва

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Делегација од Владата предводена од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска на спомен – обележјето во Прилеп положи венец со цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

„Се навршија 20 години од загубата на војниците од резервниот состав на Армијата, кај Карпалак. Им оддаваме почит на Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Веби, Горан и Пеце, кои дадоа сè, го дадоа својот живот за својата држава и тоа нема никогаш да го заборавиме.
Овие храбри и пожртвувани десетмина ја платија највисоката цена, во најтешкиот период за татковината. Кога стоевме на чекор од бездната. Слава им“, сподели Шекеринска.

Слични содржини