На профилите на Фејсбук на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи викендов се поставуваат повеќе фотографии и статуси дека се собира фрлениот смет, а за таквата состојба на одговорност се повикуваат граѓаните.
Во едната објава таа пишува:
„Сметот се фрла во контејнери.Онаму каде истите не се поставени значи дека не е место за оставање на смет.И на 40 степени се чисти пред православните гробишта, јавна површина на која не доликува да се фрла смет и отпад!“, напиша Арафи.