Затвореникот Шејн Голдсби (26) е осуден на дополнителни 25 години затвор за убиство на цимер, осуденик кој ја силувал неговата сестра.
Во јуни 2020 година, Голдсби го претепа до смрт Роберт Мангер (70), кој издржуваше 43-годишна казна за сексуални престапи во затвор во Вашингтон, Соединетите Американски Држави.
Голдсби го нападна Мангер, кој го задеваше со детали за силувањето, што подоцна се покажа како вистинито, пренесува New York Post.
Голдсби, кој беше осуден за кражба на полициски автомобил и возење низ градот, побара пренесување во друга ќелија за да избегне конфликт, но затворската администрација тогаш кажала дека не знае дека постои врска помеѓу затворениците.