Драматичен момент: Авион се урна во двор во куќа (ВИДЕО)

од Берта Китинска
353 прегледи

На социјалните мрежи се појави страшно видео од падот на авионот во Минесота. Малиот авион се урна на земја со голема брзина, целосно се распарчи и веднаш се запали.

Авионот се урнал  во дворот до куќата и експлодирал, покажува снимката.

„Фокс 7“ пренесува дека не е познато колку луѓе имало во авионот, но полицијата вели дека никој не преживеал, и дека нема повредени на теренот.

Според Федералната управа за авијација, авионот со еден мотор полетал од аеродромот во Александрија и требало да слета во Еден Преријата, но несреќата се случила во саботата во 17 часот и 40 минути.

 

Слични содржини