Лео Меси (34) ја напушти Барселона по 21 година. На вчерашната прес -конференција Меси не можеше да ги задржи солзите, а во првите редови поддршка му даваше неговата прва љубов, сопругата Антонела Рокуцо (33) со децата.
– Колку е тешко да се сумираат во неколку редови сите овие проживеани години! Толку многу емоции што оставија трага во нашите животи. Но, како што вели поговорката, она што не нè убива, нè прави посилни! – започна Антонела во објавата под фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
– И со семејството како основа, повторно ќе излеземе на терен, посилни од било кога … Одиме каде и да одиме, одиме заедно, но секогаш одиме напред. Те сакам, љубов – рече сопругата на Меси, а објавата брзо собра над милион лајкови.
„Восхит“, „Нека дојдат нови и убави работи за ова прекрасно семејство“, „многу те обожавам“, „Сигурен сум дека ќе продолжиш да пишуваш историја каде и да одиш. Тешко е да се излезе од зоната на удобност, но да се освои она што следи … Неверојатно е“ – напишаа фановите во коментарите.
Лео ја запознал Антонела како дете, но иако бил срамежлив, тој и дал до знаење дека таа е за него. Се венчаа во јуни 2017 година во Росарио, Аргентина. Заедно имаат три сина: Тиаго (8), Матео (5) и Чиро (3).