Иако изгледаше дека Барселона и нивната sвезда Лионел Меси ќе се разделат спогодбено, работите може да се искомплицираат.
Адвокатите на Барселона испратија официјална жалба до Европската комисија, сметајќи дека Пари Сен Жермен всушност не може да го ангажира Лионел Меси, бидејќи нивната финансиска состојба е полоша отколку таа на „Камп Ноу“.
Се разбира, парискиот клуб нема акумулирани долгови како Барселона, чиј вкупен долг надминува неверојатни две милијарди евра, со ПСЖ се работи за плати и годишен приход.
Барселона е блокирана да потпише со Меси нов договор бидејќи нивниот однос плата-приход не е во согласност со правилата во Ла Лига, иако Аргентинецот се согласи на педесет проценти помала плата. Сепак, Барса тврди дека ПСЖ е во уште полоша позиција во овој контекст, особено по доаѓањето на Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Жоржињо Вајналдум. Секако, огромна плата имаат и Нејмар и Килијан Мбапе.
„Односот на платата и приходите на ПСЖ во однос на финансискиот фер -плеј е полош од оној на Барселона. Во сезоната 2019/20, односот на ПСЖ беше 99 проценти, додека на Барселона 54 проценти. Во меѓувреме, јазот дополнително се зголеми. Неприфатливо е на некои во европскиот фудбал да им биде дозволено да ги заобиколат правилата, додека други да бидат казнети за истото. Затоа, ФК Барселона испрати официјална жалба до Европската комисија и судот во Франција, со што сакаме да го блокираме трансферот на Лионел Меси во парискиот клуб “, стои во соопштението потпишано од адвокатот на Барселона, Хуан Бранко.
Меси доби понуда од ПСЖ вредна 25 милиони евра по сезона за двегодишен договор.