Бајден најави значително намалување на емисиите на штетни гасови

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден сака половина од автомобилите што се продаваат во САД до 2030 година да бидат ослободени од штетни гасови, соопшти Белата куќа. Во соопштението се наведува дека оваа одлука, покрај намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, би ја зголемила и конкурентноста во однос на Кина.

Тоа се возила на батерии, хибридни електрични возила или електрични возила со горивни ќелии.

Три големи производители, Форд, ГМ и Стелантис, во заедничка изјава ја потврдија „амбицијата да продаваат 40 до 50 проценти од возилата од овој тип годишно во САД до 2030 -та“.

Бајден ќе одржи состанок во Белата куќа за да ги објасни овие планови.

Тој, исто така, има намера да ги заостри регулативите за потрошувачката на гориво, олеснети за време на мандатот на Доналд Трамп.

Минатата година електричните автомобили сочинуваа само 2% од вкупната продажба во Соединетите држави, што е значително помалку од 10% во Европа, а повеќето се автомобилите на Тесла, кои забележаа голем раст на профитот минатиот месец.