Изгаснат пожарот над селото Будинарци

од Берта Китинска
323 прегледи

Околу 13.30 часот е изгаснат пожарот над селото Будинарци, кој се повторно се разгоре денеска околу пладне.

Пожарот пред да биде локализиран, стигнал до првиот пункт за вода. Како што појасни, ваквиот исход била очекуван, поради тоа што имало голем број на екипи во сузбивање на огнената стихија, информираше градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски

–Тука беа австриските противпожарни единици кои беа најмногу евалуирани во целата акција, покрај останатите. Целта ни беше да го спасиме селото Будинарци, бидејќи пожарот беше доста близу до селото. Моментално нема опасност од негово проширување, рече градоначалникот.

Слични содржини