Скандал во „Алибаба“: Отпуштен директорот обвинет за силување

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Кинеската компанија за електронска трговија „Алибаба“ го отпушти директорот кој е обвинет за силување, додека извршниот директор посочи дека колективот е погоден од „грдата култура на присилната конзумација на алкохол“.

Неидентификувана вработена во компанијата ги обвини нејзиниот директор и клиент за сексуален напад за време на службено патување во источна Кина, објавија медиумите.

Наводно била принудена да пие, а подоцна била нападната, а случајот го истражува полицијата, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Во понеделникот, извршниот директор на „Алибаба“, Даниел Жанг испрати интерно известување до персоналот, до кое АФП имаше пристап, а во кое го осуди нападот и првичниот одговор на компанијата на жалбата.

„Ќе добие отказ и никогаш повеќе нема да биде вратен“, напиша тој за директорот, истакнувајќи дека работата сега е во рацете на полицијата.

Слични содржини