363
Избраничката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која ги покажа совршената фигура и заводливиот летен стајлинг.
Атрактивната убавица ги воодушеви своите придружници со фотографија, на која позираше во бел чипкан фустан со длабоко деколте, на нозете имаше бели папучи, а косата ѝ беше собрана во пунџа.
Сликата собра над два милиони лајкови.
Вереницата на најпознатиот фудбалер често ги воодушевува обожавателите со своите модни изданија, но и со провокативните фотографии кои ги споделува на социјалната мрежа.