400
Пејачката Теа Таировиќ откри дека имала труење од храна и дека нејзината агонија траела 14 часа, но сега се е во ред.
Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели со своите следбеници низ какви маки поминала.
„Не сакам да го правам ова, но морам затоа што гледам дека многумина беа загрижени за мојата состојба вчера, која беше многу лоша. Добив труење од храна“, рече Таировиќ.
„Јадев нешто незгодно и агонијата траеше од околу 2 наутро до 4 попладне кога само колабирав. Бев толку слаба, дури и не внесов вода, бидејќи се плашев дека ќе биде уште полошо за мене, а потоа колегите ме однесоа во болница за да ја добијам потребната медицинска помош. Им благодарам“, објасни таа.