„Екип“: Готово е, Меси ја продолжува кариерата во ПСЖ!

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Француски „Екип“ пренесува дека се е готово и дека Лионел Меси ќе стане новиот фудбалер на Пари Сен Жермен.

Аргентинскиот фудбалер се очекува да пристигне во Париз во наредните часови.

До крајот на денот, тој треба успешно да ги заврши медицинските прегледи, по што ќе потпише двегодишен договор вреден 25 милиони по сезона, без бонуси.

Официјалната презентација се очекува утре, кога аргентинскиот волшебник треба да го пречекаат илјадници фанови на парискиот тим.

Сигурниот спортски новинар Фабрицио Романо известува дека ПСЖ е единствениот клуб кој контактирал со Меси и дека преговорите започнале минатиот четврток веднаш откако Барселона објави дека Аргентинецот го напушта клубот.

Слични содржини