Изгореа 30 хектари ниско стеблеста и стеблеста шума во светиниколско

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Во Општина Свети Николе опожарени се 30 хектари. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека пожарот повторно е активен во Свети Николе, овој пат во атарот на селото Мездра и патниот правец Свети Николе – Куманово.

–Опожарена е ниско стеблеста и стеблеста шума на површина од над 30 хектари. Благодарејќи на брзата интервенција на ТППЕ Свети Николе, земјоделци и граѓани, брзо е локализиран пожарот и истиот е ставен под контрола, додава Велковски.

Слични содржини