УНГАРСКИОТ премиер Виктор Орбан, истакнат десничарски глас во Централна Европа, му возврати на американскиот претседател Џо Бајден за неговите забелешки на изборната кампања во која унгарскиот лидер беше посочен како автократски моќник, како што се белорускиот претседател Александар Лукашенко и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Во обраќањето до гласачите во 2020 година, Бајден го обвини тогашниот американски претседател Доналд Трамп дека се поврзува со „сите насилници во светот“. „Погледнете што се случува од Белорусија до Полска и Унгарија, подемот на тоталитарните режими во светот. И нашиот претседател ги поддржува сите овие насилници“, рече Бајден.
„Некој што не го зборува нашиот јазик и има многу ограничено знаење за Унгарија, дури и за последните неколку децении, очигледно ништо не разбира, не може да има такво мислење. Знаете, тоа само по себе е лична навреда за сите Унгарци“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер зборуваше и за пошироко политичко прашање, според кое левичарските политичари, како Бајден, не можат да ја сфатат националистичката или конзервативна алтернативна идеологија, нарекувајќи ја Унгарија „успешна приказна“.
„Западните либерали не можат да прифатат дека во рамките на западната цивилизација постои конзервативна национална алтернатива која е поуспешна во секојдневниот живот, на нивно ниво – либерална. Затоа не критикуваат. Се борат за себе, а не против нас. Но, ние сме пример дека земјата која се базира на традиционалните вредности, на националниот идентитет, на традицијата на христијанството, може да биде успешна, понекогаш дури и поуспешна од лево-либералната влада“, рече Орбан за „Фокс њуз“.
Орбан рече дека Бајден и Демократската партија не можат да го прифатат успехот што Унгарија го постигна во заштитата на своите граници со Србија и Хрватска.