315
НБА тимот Бруклин Нетс го ангажираше австралискиот дефанзивец Пети Милс (33), долгогодишен член на Сан Антонио Спарс.
Милс пристигна во Нетс како слободен играч, а според американските медиуми, тој потпишал двегодишен договор вреден 12 милиони долари. Милс помина 10 од своите 12 сезони во НБА во Спарс, а минатата сезона постигнуваше во просек по 10,8 поени.
На штотуку завршените Олимписки игри во Токио, Милс беше главниот играч на австралиската репрезентација, со која освои бронзен медал. Тој на Олимпијадата имаше просек од 23,3 поени и 6,3 асистенции, а на мечот за третото место против Словенија постигна 42 поени.