Целиот фудбалски свет зборува за трансферот на Лионел Меси во ПСЖ, кој денеска беше претставен на „Паркот на принцовите“ со спектакуларен пречек подготвен од навивачите.
Многумина се прашуваа и како реагираше Кристијано Роналдо на трансферот на Меси, кој не се огласи по тој повод, но навестување неговиот соиграч од португалската репрезентација, Жозе Фонте, кој игра за Лил, актуелниот шампион на Франција и еден од најголемите ривали на ПСЖ во Лига 1.
Фонте им откри на медиумите дека се шегувал со Роналдо, испраќајќи му пораки секој ден дека сега треба да се пресели во Лил, на што Роналдо одговорил само со „хахаха“. Фонте истакнува дека ќе биде посебен предизвик да се одбрани титулата против ПСЖ, кој во своите редови ги има Меси, Нејмар и Мбапе, но дека се подготвени за искушенијата.
– Ова е возбудливо, секако дека ќе ни биде многу потешко во однос на конкуренцијата, но ние сме подготвени за предизвикот. Замислете ако ја зачуваме мрежата против Меси, Нејмар и Мбапе? Неверојатно напаѓачко трио. Дали некој ќе може да ги сочува? Не знам. Ќе биде интересно да се види колку другите ќе бидат конкурентни оваа година во Лига 1 – рече Фонте.