ЛИОНЕЛ МЕСИ потпиша за ПСЖ во вторникот, а колку е голем овој настан за клубот од Париз најдобро се опишува со фактот дека дури 150.000 дресови со неговото име и број 30 се продадени за рекордно време.
Интернет -продавницата на ПСЖ со продавање на дресови започна во вторникот во 23 часот, а веќе во 23:07 часот сите дресови беа распродадени. Покрај тоа, од моментот кога Меси потпиша за ПСЖ, има континуирана редица пред фан-шопот на „Паркот на принцовите“. Фановите чекаат можност да го зграбат својот дрес со името на новата sвезда на клубот.
Само неколкумина имаат среќа и успеаја да стигнат до дресот на лице место. Дресовите завршија по само половина час. Парижаните се обидуваат да направат што е можно повеќе дресови и работат прекувремено, така што секој навивач може да си дозволи да купи скапо сино или бело парче ткаенина со грбот на ПСЖ и натпис „Меси“ на грбот.
Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на официјалната презентација на Меси претходно денеска рече дека „ПСЖ веќе заработил голем дел од парите што ги вложил“ и дека „тој самиот не може да поверува во сумата што ја видел во фан шоп“.
Ако сведеме се на едноставна пресметка, со продажба на 150 илјади дресови по цена од 108 долари, доаѓаме до заработка од 16,2 милиони евра. Секако, ПСЖ не ги прави сите пари од продажба на дресови. Според „Л’Екип“, клубот добива само 10% од својата заработка, но тоа е сепак 1,6 милиони евра за ниту еден цел ден продажба на дресови.