Министерството за образование и наука интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје.
„Настава во живо од први септември, кога почнува новата учебна година, би била изводлива само ако родителите и членовите на најтесното семејство, баби и дедовци, на ученикот бидат вакцинирани“, изјави епидемиологот Драган Даниловски за „Жешко лето“ на Канал 5.
-Ако продолжи динамиката со бројките на заболени од коронавирусот, наставата во живо би била изводкилва само ако родителите на сите деца бидат вакцинирани и доколу на децата им се обезбеди секоја недела да се проверуваат со брзи антигенски тесови. Децата не би ги вакцинирал освен со Фајзер. Само децата со хронички здравствени проблеми кои се под висок ризик доколку се се рзаразат со вирусот. Јас децата не би ги ги ставил во приоритетна група од причина што е недозволиво да се вакцинираат деца и со нив да се прави колективен мимунтет, а исотвремено вп државата да нема опфат од 50% вацкинирани граѓани. Прво треба да се вакцинираат возрасните, посочи Даниловски.
Од МОН информираат дека досега од вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60% и апелираме наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира со цел да го заштитат сопственото, а со тоа и здравјето на најблиските.
-За непречен почеток на новата учебна година системот за образование е подготвен за три сценарија кои се усвоени на владина седница. Првото за кое воедно и се залагаме, затоа што е од најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021 која што се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализираат онлајн-настава и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање, соопштија од МОН.