Откажан е големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор, кажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе.
„Сите настани и денешниот се согласно протоколи за Ковид и централниот настан во хотел Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина е загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, рече вицепремиерот Груби.
Вчера тврдеше дека на 13 август ќе има спектакуларен концерт на оперскиот пејач Раме Лахај со македонската филхармонија.