Северина објави фотографии од забавата на Дончиќ: „Тоа беше прекрасна ноќ“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
458 прегледи

Откако беше специјална гостинка на големата прослава организирана од словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ во замокот Земоно, Северина се пофали со фотографии на социјалните мрежи.

Имено, Дончиќ го прослави потпишувањето на петгодишниот договор вреден 207 милиони долари со Далас Маверикс, а хрватската пејачка беше ангажирана да ги забавува присутните на забавата на која се собраа бројни спортски sвезди.

„Тоа беше прекрасна ноќ со прекрасни луѓе… Чест ми е и задоволство што стојам покрај Лука Дончиќ, кој напиша дел од историјата… И покрај мојот пријател Боби Марјановиќ. Честитки за целата словенечка репрезентација“, напиша Северина во описот на фотографиите кои ги објави на Инстаграм.

Прославата се одржа во ресторанот на хрватскиот кулинарски виртуоз Томаш Кавчиќ.

Гостите, меѓу другото, уживаа во спектакуларниот огномет и торта во форма на баскет.

Слични содржини