Дензел Дамфрис го замени Хакими во Интер

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Дамфрис доаѓа од ПСВ, кој ќе добие 12 милиони евра за овој трансфер, плус 2,5 милиони во можни бонуси.

Скај пишува дека е постигнат договор, и дека Дамфрис денеска ќе пристигне во Милано, ќе ги мине медицинските прегледи и ќе го официјализира трансферот во „Меаца“.

Дамфрис ќе го замени Ашраф Хакими, кој замина во ПСЖ.

Младиот Холанѓанец совршено се вклопува во формацијата 3-5-2, која ја форсира новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги.

Дамфрис играше за ПСВ од 2018 година, а летово одигра добро во групната фаза на Европското првенство.

Слични содржини