17,5K
Ако немате свежи боровинки, може да користите и замрзнати, кои обично се берат на врвот на зрелоста и потоа брзо се замрзнуваат за да ги задржат повеќето хранливи материи.
Ако често конзумирате салата за ручек, веројатно ви е здодевно од самата помисла на чинија без „карактер“ и без вкус полна со зелени лисја. Постојат безброј начини да го збогатите тој оброк со разновидни семиња, протеини, крцкави ореви или вкусен прелив-вели диететичарот д -р Адриен Нгаи.
Таа препорачува прелив за салата од боровинки, за која вели дека е богата со хранливи материи и дека е лесно да се приготви. Потребни се само четири состојки за да имате сладок и свеж зачин за вашата омилена салата.
Главната состојка на оваа салата се боровинките, летна бобинка која е богата со влакна и богата со антиинфламаторни антиоксиданси. Една чаша боровинки има речиси четири грама влакна, што инаку задоволува 24 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц и 36 проценти од препорачаната дневна количина на витамин К.
– Влакната ни помагаат да останеме сити подолго време и има бројни придобивки за метаболизмот, ја поддржува работата на дигестивниот систем, одржува здрав крвен притисок, нивоа на холестерол и рамнотежа на шеќер во крвта – објасни д -р Нгаи.
Ако немате свежи боровинки, вели таа, тие се подеднакво здрави и замрзнати, бидејќи обично се собираат на врвот на зрелоста, а потоа брзо се замрзнуваат за да ги задржат повеќето хранливи материи.
Друга клучна состојка во овој прелив е маслиновото масло кое е здраво за мозокот и срцето и е богато со антиоксиданси и витамин Е.
Состојки
½ чаши свежи или замрзнати и одмрзнати боровинки
1/3 чаша маслиново масло
1 лажичка јаворов сируп
Црн пипер, по вкус
Подготовка
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте се додека не добиете мазна смеса. Оставете ја смесата во фрижидер неколку часа пред јадење. Прелијте ја салатата и уживајте! – Чувајте го преливот во фрижидер и консумирајте го во рок од два до три дена – советува диететичарот на порталот Mind Body Green .