159
Ријана и официјално милијардер, најбогата пејачка во светот: Таа воопшто не трошеше пари за музиката
Пејачката на хитовите „Umbrella“ и „Love the Way You Lie“ е втората најбогата забавувачка зад Опра Винфри
Богатството на поп -пејачката Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата пејачка на светот, но музиката не е примарниот извор на нејзиното богатство, објави во средата списанието Форбс.
Поголемиот дел од богатството на пејачката родена во Барбадос односно 1,4 милијарди долари, доаѓа од козметичката линија „Фенти бјути“, која е крстена по нејзиното вистинско име, Робин Фенти.
Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот дел во Savage x Fenty за долна облека и од приходите што ги заработува како пејачка и актерка.
Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува LVMH, е позната по широката палета на пудри која содржи 50 тонови на боја на кожа, вклучувајќи и по темни тонови. Тоа беше реткост во годината кога компанијата беше лансирана (2017).Како резултат на тоа,компанијата на Ријана стана една од најпознатите и најподржуваните компании на светот.