„Нема корона докторке, од климата му е“: Др.Спасовска сподели искуство од дежурствата во болница

од Берта Китинска
724 прегледи

Прегледуваме со отворен прозорец за да се заштитиме и себе си и пациентите, но од гласната музика од настан што се одржува кај градската болница во Гостивар не можеме ниту пациентот, ниту апаратот за притисок да го слушнеме, раскажува докторката Марија Спасовска од Гостивар.

„Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам ‘Ве молам ставете маска’. Температура 37.5°C. Добивам: ‘Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба’ Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100-ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото ‘Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска’“, пишува Спасовска.

Понатаму, раскажува Спасовска дека истата вечер добиле и итен повик, па веднаш на терен тргнала екипата на Брзата помош со вклучени сирени, но едвај се пробиле низ градот од сообраќајниот метеж и автомобилите кои се несоодветно паркирани.

„Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно ‘Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?’ Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. ‘Нема Корона докторке, од климата му е’. Го подготвувате за транспорт и се молиш дека до Инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи. Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска“,пишува Спасовска.

Слични содржини