Нејасно е како ќе се спроведуваат новите рестриктивни мерки од понеделник

од Берта Китинска
403 прегледи

Во текот на следните денови ќе се донесе одлука како ќе се спроведува редарската служба и кој точно ќе лигитимираат лицата кои ќе сакаат да присуствуваат на настан на кој може да учествуваат повеќе од 30 лица, велат во изјава за „Локално“ од министерството за здравство.

-Угостителските објекти може да бидат казнети заради непочитување на мерките во делот на бројот на гости и одржување на собири на истиот начин како и досега. Казни за гости кои немаат сертификат, а се затекнати на местото како и дали ќе има за угостителите ќе се одлучува во следните денови. Во овој период ќе зајакант контролите и инспекциските служби и апелираме граѓаните да ги следат овие препораки и мерки, објаснуваат од МЗ.

Во однос на тоа какви ќе бидат санкциите за угостителите доколку инспекторите затекнат невакциниран гостин, од министерството објаснуваат дека санкциите ќе бидат исти како и досега за прекршување на мерките и протоколите за организација на настан со повеќе луѓе од дозволеното или слави и прослави.

-Убаво е што си кажа Министерот за економија: „Aко сакате да одите по кафулиња, вакцинирајте се“, но колку навистина има гости што се вакцинирани доколку се примени новата одлука од понеделник 16ти aвгуст кои ќе можат да пијат кафе или одат на ручек или вечера во угостителските објекти. Во моментов и покрај тоа што се вакцинирани нешто повеќе од 25% граѓани поголемиот дел од нив се со старосна граница над 50 години кои всушност и не спаѓаат во групата на посетители и гости на угостителски објекти, вели во изјава за „Локално“,претседател на Независната Угостителска Комора, Здравко Јосифовски.

Според податоците и анализите на комората како што објаснува Јосифовски спроведени од кратка теренска анкета укажуваат дека во моментов ниту третина од секојдневните гости и посетители на угостителските објекти не се вакцинирани.

– Ова ни укажува дека од понеделник ќе станеме сведоци да нема доволен број на вакцинирани луѓе кои ќе ги посетуваат угостителските објекти, што само по себе ќе предизвика нови непотребни загуби и финансиски штети на угостителите, објаснува тој.

Според одлуките на последната владина седница, невакцинираното лице ќе нема право да влезе во угостителски објект или да присуствува на настан на кој има повеќе од 30 лица.

-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани), информираа од Владата.

Слични содржини